






|
Вашето здравје е наша грижа |
|
Сакате да дадете позитивен или негативен коментар. Повелете, Вашите сугестии се добродојдени. Испратите порака на: Ви благодариме на Вашата соработка.
|






















|
ВИЗИЈАТА ЗА ВРВНО ЗДРАВСТВО СТАНА РЕАЛНОСТ |
|
Ре-Медика - Како најбрзо да стигнете кај нас?
Ве молиме, погледнете ја авто картата на Скопје. Од строгиот центар на градот, преку населбата “Автокоманда” одите северно долж улицата “Коце Металец”, пред влезот на населбата “Железара” свртете лево и по 100 м Вие пристигнувте во Ре-Медика. |
|
Ре-Медика - Прва приватна општа болница во Република Македонија, на располагање на Вашите потреби со цел да го зачувате Вашето здравје. Нашите искусни специјализирани тимови, опремени со најмодерна медицинска опрема во соодветно модерно опремени медицински простории, секогаш се спремни да Ви дадат врвна медицинска услуга со цел да ја вратат насмевката на Вашето лице. Во болничкиот оддел Вие можете да одберете помеѓу атрактивните апартмани или сместување во двокреветна соба. Што и да одберете Ве очекува врвно сместување соодветно на хотел од А категорија. Ре-Медика е лоцирана во мирниот дел од градот Скопје, на падините на парк шумата “Гази Баба”, што Ви овозможува мирен престој во здраво опкружување што придонесува за Вашето брзо задравување. |
|
XVI Македонска бригада 18 1000 Скопје Република Македонија |
|
Контакт адреса: |
|
Телефон:(02) 2603 100 Факс: (02) 2603 103 E-mail: info@remedika.com.mk |
|
Работно време Голем број на одделенијата се на располаѓање 24 часа на ден, додека останатите работат од 08.00—16.00. Ве молиме, контактирајте го пултот за подетални информации.
Време за посета на пациентите во стационарот Посетите на пациентите сместени во стационарен дел се дозволени секој ден од 09.00—21.00. |

|
Авто карта на Скопје |


|
Првата приватна општа болница Ре-Медика и Аџибадем група за здравствени услуги од Република Турција, потпишаа мемеорандум за соработка за здравствени услуги. Ре-Медика е единствен партнер на Аџибадем за Република Македонија и е овластена за остварување на контакти, информации и здравствени услуги во Аџибадем. За сите детални информации посетете ја Web страната на Аџибадем: |

|
Стандардни Оперативни Процедури за изведување на медицински прегледи кај апликанти за Имиграциона Виза за САД |
|
Медицинските прегледи на апликантите за иселеничка виза ќе бидат спроведени во ПЗО Ре-Медика, Скопје, Македонија, со предходно закажан термин, по однапред донесена процедура. Контакт телефон за закажување на медицински прегледи на апликантите за имиграциона виза: 072-443-140 (прегледите започнуваат од 01.04.2009 година) |
|
· Јавното информирање за изведувањето на задолжителните медицински прегледи ќе се врши преку информативни протоколи (писма) од страна на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за секој апликант, каде ќе бидат наведени адресата, контакт телефонот и редоследот на изведување на прегледите, а исто така и веб сајтот на ПЗО Ре-Медика, www.remedika.com.mk. |
|
· Закажувањето на термините за преглед ќе се врши секој работен ден во период од 10ч-14ч исклучиво на тел: 072-443-140 (прегледите започнуваат од 01.04.2009 година). Контакт лицето Христина Атанасоска и Сузана Аџиовска ќе бидат одговорни за закажувањето на термините за преглед, по добиените информации од апликантите за бројот на членовите од семејството кои аплицираат за имиграциона виза, на која возраст е секој апликант, дали меѓу апликаните има трудници или деца под 15 годишна возраст, кој е датумот за аплицирање на виза. Закажаниот термин мора да биде најмалку 10 дена пред закажаниот термин за аплицирање на имиграциона виза. Терминот се заведува во информативниот болнички систем на Ре-Медика, за секој апликант поединечно со идентификационен број. Според горенаведеното, апликантите се известуваат за цената на медицинскиот преглед, кој се наплаќа пред да започне истиот, на пултот. Контакт лицето закажува термин за медицински преглед кој ќе биде целосно завршен пред терминот за аплицирање на имиграциона виза. |
|
АПЛИКАНТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСАТ СО СЕБЕ: 1. Четири фотографии, пасош со копија; 2. Предходна медицинска документација (здравствена легитимација и медицински документи и отпусни писма од последните пет години); 3. Картон за вакцинација со копија. |















|
Закажување прегледи
Ве молиме, за закажување контактирајте го пултот на следните телефонски броеви: · (02) 2603 110 (за радиолошки прегледи, педијатрија за здрави деца, дијагностика на гради и хируршки прегледи) · (02) 2603 100 и (02) 2603 101 (сите други прегледи) |




|
|







|
АПЕЛ ЗА ПОМОШ
ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ ДА И ПОМОГНАТ НА МАЛЕЧКАТА МАРТИНА КОЈА ИМА САМО 5 ГОДИНИ И КОЈА БОЛЕДУВА ОД Dg. Leucosis Acuta Biophenotipca (BAL) И Е ПОТРEБНА ИТНА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ (КОСКЕНА СРЖ) ОД СОООДВЕТЕН ДАРИТЕЛ, ДА ДОНИРААТ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА И СО ТОА ДА И ПОМОГНАТ НА МАЛЕЧКАТА МАРТИНА ВО НЕЈЗИНАТА ХРАБРА БОРБА СО ОВАА БОЛЕСТ. Поради итноста на лекувањето, потсетуваме дека помошта има БЕСЦЕНЕТА вредност само ако е добиена на време.
Средствата може да се уплатат на следните жиро с-ки:
Денарска Девизна Мартина Димитрова Martina Dimitrova Т-ска 300 047 069 362 362 Acc.No. 02-301-0507752.7 Комерцијална Банка АД Скопје IBAN CODE-MK 073 003 010 507 752 19 SWIFT KOBS MK 2X KVB
Или донираjте 100,00 денари на: 070 – 143 – 143
Семејството Димитрови однапред Ви се заблогодарува на Вашата хуманост |
|
ПЗУ РЕ-МЕДИКА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН АПЕЛОТ И ДОНИРА 5.000,00 Евра |







