
|
Апартмани / Стандардни соби |
|
РеМедика располага со 56 болнички кревети, од нив 15 се луксузни апартмани, 10 кревети за интензивна нега и останатите во двокреветни соби. Собите и апартманите се опремени според највисоките светски стандарди за квалитет, вклучувајќи кабелска телевизија, туш кабина, прекрасен поглед во зеленило и избор на гастрономија. Болничкиот објект се простира во подножјето на Гази Баба, на три ката, опкружен со паркови и зеленило, далеку од сообраќајниот метеж, а сепак на само 3 км од центарот на градот. |











|
По извршениот преглед во некои од амбулантите на РеМедика, можно е да Ви биде предложено болничко лекување и сместување во стационарниот дел на РеМедика. Вие можете да одберете кревет во стандардна двокреветна соба или сместување во луксузен апартман.
Во апартманот Вие добивате:
· Приватност (апартманот е еднокреветен) · Поголем конфорт · Сопствен тоалет и туш кабина · Сателиска телевизија · Директна телефонска линија · РеМедика музичка линија · Мени по сопствен избор · Придружник во собата (фамилијарен апартман) |






|
Вашето здравје е наша грижа |




