Прима-Мед / Општа и трудова медицина со примарна здравствена заштита

  Врвен стручен тим

Ординација по медицина на трудот и општа пракса

 

Значајна е оценката на работна способност и претставува континуиран и динамичен процес на постојано следење на биолошките карактеристики на организмот и барањата од работното место.

Оценката на работната способност дава одговор на многу прашања пред се дали може работникот да обавува одредени работи и работни задачи без опасност, пред се за сопственото здравје, како и за средината, дали неговата работа нема да го поремети во производниот процес.

Здравствените прегледи се вршат на сите работници кои засниваат работен однос без обзир каде ќе работат и кои дејности ќе ги вршат.

Прегледите се делат на претходни здравствени прегледи и редовни периодични прегледи кои се сврзани со рокови — на 6 месеци, една година до 24 месеци, зависно од профилот кој го работат со цел да се утврди дали настапила промена во здравствената состојба на работникот што би претставувало контраиндикација за понатомошно обавување на работните задачи и дали постојат знаци за професионално оштетување.

Непочитувањето на овие прописи кога станува збор за изведување на претходни и периодични промени од страна на организациите, работодавецот, е санкционирано како прекршок и е казниво соглсно со закон.

Оваа ординација работи и како матична служба во соработка со Фондот за Здравството.

Службата по медицина на трудот оствари соработка со 35 фирми.

Од отварањето на ординацијата, службата по медицина на трудот направила околу 5000 периодични прегледи (годишно околу 18000 прегледи).

           Матичната служба има околу 1300 матични пациенти и досега извршени се 13000 прегледи (над 5000 прегледи годишно).

Text Box: English
Text Box: Shqip

Вашето здравје е наша грижа