|
За РеМедика |
|
Нашата визија е наша мисија |
|
“Нашата визија е лидерски основана, етички ангажирана и тимски фокусирана врвна медицинска установа, која дава врвна здравствена нега за граѓаните во регионот. Денес, нашата визија е реалност. РеМедика комплетно ги исполнува барањата за врвна, квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита. Но, за нас тоа е континуиран процес. Секој успех преставува нов предизвик за перманентно истражување, развој и унапредување на медицинската услуга за доброто на нашите пациенти. Задоволна насмевка на лицето на секој наш пациент е нашата мисија.”
Д-р Митревска Теовска Наташа, РеМедика |


|
Прва приватна општа болница во Македонија
РеМедика, основана на 7. Април 2005 година, како прва приватна општа болница во Република Македонија, ги постави светските стандарди за здравство во нашите простори. Наградата за најдобра инвестиција во Југоисточна Европа за 2005 година, како и интеграцијата на ICT системот се доказ за големиот придонес на РеМедика во во подобрувањето на квалитетот на здравството во регионот.
Во овие три години од своето постоење болницата РеМедика остварува континуирана соработка со врвни странски здравствени установи и болници. Тимовите од специјалисти во РеМедика, преку различни едукации и специјализации ги следат и имплементираат најновите светски признати методи во лекувањето и подобрувањето на квалитетот на здравствената услуга.
Болницата РеМедика се јавува како спонзор, организатор и учесник во бројни активности кои го подобруваат воопшто квалитетот на живеење во нашата заедница.
Мисија
РеМедика ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита.
Визија
Лидерски-основана, етички ангажирана и тимски фокусирана врвна медицинска установа, која пружа врвна здравствена нега за граѓаните во регионот.
Фокус на граѓаните
Македонските граѓани заслужуваат квалитетно здравство. Континуирано подобрување на услуга кон и задоволство на клиенти. Квалитетот на услугата е високо-стандардизиран. Услугата се изведува по прифатени доктринарни ставови и процедури.
6 Димензии на Квалитет на Ре-Медика
Пристапност: За задоволување на потребите за подобро здравје на пошироката заедница. Безбедност: Јасно прецизирани постапки за намалување на ризикот за клентите и вработентите. Соодветност: Преку адекватни интервенции и третмани за остварување на бараниот резултат. Ефективност: Преку остварување на максимално можниот ефект со избрана интервенција или третман. Ефикасност: Најдобро користење на ресурсите заради постигнување на најголеми придобивки. Учество на клиенти: Добредојдени да учествуваат во планирање, испорака, надгледување и оценка на квалитетот на услугите на РеМедика.
Фундаментални морални вредности
Ø Етика Ø Фокус на клиентот Ø Одговорност Ø Интегритет Ø Тимска работа Ø Општествена улога Ø Посветеност на квалитетот РеМедика се стреми да развие и постигне висок квалитет на здравствените услуги, кои ќе бидат испорачани од целиот тим на персонален и грижлив начин, со почитување на вредностите на доверба и респект.
Услуги
РеМедика, преставува прв приватен проект во здравството од овој обем. Во својата програма, болницата нуди лекување по највисоки стандарди преку:
8 Амбуланти, 4 операциони сали и 2 породилни боксови за: Ø Гинекологија Ø 4 Димензионална Дијагностика (4та димензија е временска) Ø Акушерство Ø Интерна Медицина Ø Хирургија Ø Урологија Ø Неврологија (ЕЕГ и ЕМГ) Ø Неонатологија и Педијатрија Ø Ендоскопија (Рутинска, Инвазивна) Ø E.R.C.P. Ø Анестезиологија и Реанимација Ø Физикална Терапија Ø Општа и трудова медицина
На 3000 m2 корисна болничка површина и 3 функционални ката, болницата РеМедика ги опфаќа следниве области:
Дијагностичко одделение, кое опфаќа повеќе специјалности со најсовремени дијагностички методи и медицинска опрема кои овозможуваат брза и ефикасна дијагноза и лекување на пациентот.
Кардиолошки кабинет со ЕКГ и најсовремен ЕХО апарат и други неинвазивни испитувања.
Невропсихијатриски кабинет кој располага со најсофистицирана опрема за дијагноза и следење на болести на централен и периферен нервен систем: EEG i EEM.
Одделот за гинекологија и акушерство го создаде и најкомплексниот Центар за Здравје на Жената. Во овој центар се имплементирани сите најнови светски методи за дијагностика и терапија од гинеколошката област. Еминентни се резултатите во изминатите 3 години: реализирани се 1289 породувања, со 1400 новороденчиња.
Центар за асистирана репродукција и инвитро фертилизација дава комплетна дијагноза и терапија во неплодноста.
Ø IVF—Инвитро фертилизација Ø IUI—Интраутерина инсеминација Ø TESE/TESA—Тестикуларна сперматозоидна екстракција/аспирација Ø Замрзнување на сперма и ембриони
Ин витро оплодувањето во РеМедика бележи импозантен резултат од светки ранг со 47 % бременост.
Во хируршкиот оддел се изведуваат најнови хирушки техники и минималинвазивни процедури.
Ø Абдоминална хирургија со лапароскопска хирургија Ø Торакална хирургија со тораскопска хирургија Ø Хирургија на дојка Ø Хирургија на штитна жлезда Ø Ортопедска хирургија со артроскопија Ø Урологија Ø Пластична и естетска хирургија Ø ORL хирургија
Интернистичката служба и одделот за гастрологија работи по најнови стандарди и методи со најмодерна опрема и се изведуваат:
Ø Ендоскопски скрининг и дијагностика Ø Гастроскопија Ø Колоноскопија Ø Електроресекција на полипи (полипектомија) Ø Лигација
Одделот за ортопедија при РеМедика располага со најпрецизна опрема за ултрасонографска дијагностика и софистицирана рентгенографија.
Дензитометријата во целост го заменува рентгенското снимање и компјутерската томографија со 10 пати помало зрачење. Врвноста, прецизноста и здравствениот ефект од примената на овој метод се потврдени со фактот “Златен стандард” за детекција на остеопорозата, болеста на ниска коскена маса и зголемен ризик од фрактура.
Физикалната терапија има значајна улога во лекување на повреди и заболувања со примената на најновите светски методи:
Ø Електротерапија, сонотерапија, магнет, ласер Ø Shock wave—ултразвучна терапија Ø Power plate pro 5 air
Одделот за анестезија и интензивно лекување располага со најсовремен мониторинг и анестезиолошка опрема, кои овозможуваат примена на сите видови анестезии. Во пред и пост оперативниот период обезбедена е интезивна терапија и нега, како и постојан 24-часовен мониторинг.
Педијатриската дејност во болницата РеМедика е застапена со одделението за новородени деца (неонатологија) и амбулантска педијатриска служба која се одвива во две посебни ординации и тоа:
Ø Педијатриска амбуланта за здрави деца Ø Педијатриска амбуланта за болно дете
Така, во рамките на педијатриската амбуланта за болни деца постојат следниве субспецијалистички област:
Ø Педијатриска кардиологија Ø Педијатриска неврологија Ø Педијатриска ревматологија Ø Педијатриска ортопедија Ø Физикалана терапија
Биохемиската лабораторија при РеМедика функционира како лабораторија за континуирана поддршка на болничките сегменти и општата ординација Примамед, но е отворена за сите кои имаат потреба од брза и квалитетна услуга. Лабораторијата е модерно опремена, способна прецизно и ефикасно да одговори на барањата и функционира со имплементирани високи стандарди во работните процедури.
Болницата организира систематски прегледи како:
Ø Основни систематски прегледи Ø Систематски прегледи за целни групи на вработени (мажи и жени) Ø Менаџерски пакети Ø Пакети на систематски прегледи по договор
Контакт адреса:
РеМедика 16. Македонска бригада 18 1000 Скопје, Македонија Телефон: (02) 2603 101; (02) 2603 203; (02) 2603 100 Факс: (02) 2603 103 Електронска пошта: info@remedika.com.mk |








|
Вашето здравје е наша грижа |