Благица Исаковска—Димитриевска

главна сестра на оддел

  Врвен специјалистички тим

Неонатологија и педијатрија

Почитувани родители!

Со моментот на раѓањето, започнува нов период во животот. Фетусот, кој грижливо го негувала мајката во текот на целата бременост, влегува во новороденечки период. Самото новородено дете, непосредно по породувањето, има потреба од соодветна медицинска поддршка за да му се помогне во овој важен адаптационен период. Нашата екипа на неонатолози, која присуствува на секое породување, ја спроведува примарната реанимација и поспарталнато згрижување на секое дете. Современата медицинска опрема овозможува и адекватна

· терморегулација (warmer, radiant heater, water mattress)

· мониторирање на виталните функции

· специјалана интензивна нега (кај недоносените деца родени >34GN и други ризични новородени кои имаат потреба од таков третман)

· спроведување на фототерапија (били-креветче и конвенционално)

· следење на жолтица со bili-check (неинвазивен транскутан билирубинометар)

· дополнителни лабораториски иследувања со микрометоди

Контактот на детето со мајката се реализира непосредно по породувањето, во родилната или во операционата сала (доколку мајката е породена со спинална анестезија, што е еден од големите бенефити на овој тип на анестезија).

· Предпородилна едукација

· Кардиолошки и ортопедски ехо сонографски скрининг кај секое новородено (вклучен детски кардиолог и ортопед)

· Реанимација и стабилизација на новородени деца

· Постпартален третман на новородени со примена на принципите за "Болница пријателка на бебињата"

· Фототерапија со били-кревет

· Транскутано (безкрвно) одредување на билирубинот

· Едукација за нега на новородено

· Едукација за доење (проблеми со лактација)

· Вакцинација (против хепатитис B и туберкулоза)

Неонатологија

Педијатриска амбуланта за следење

· Следење и советување на психомоторен развој на новородените и доенчињата (консултација, лабораториски иследувања)

Општа педијатриска амбуланта

според стандардите на светска здравствена организација

· Дијагноза и третман на деца со инфекции и други патолошки состојби

· Рентген дијагностика

· Инхалаторна терапија

· Лабораториски анализи

Педијатриска кардиологија

· ЕХО на срце кај деца и ЕКГ (од новородени до 18 години)

· 24 часовен Холтер мониторинг (Холтер ЕКГ и холтер ТА)

· Дијагноза и амбулатно водење на деца со вродени срцеви мани

· Дијагноза, следење и амбулатно третирање на деца со стекнати срцеви мани, миокардиопатии, перикардити и други патолошки состојби

· Постоперативно следење и третирање на деца оперирани од ВСМ

· Дијагноза и лекување на деца со срцеви аритмии и хипертензии и други проблеми врзани со детското срце

Педијатриска ревматологија

· Дијагноза и лекување на стрептококни инфекции и превенција на ревматска треска

· Иследувања и дијагностика кај деца со зглобни болки

· Дијагноза и третман на деца со транзиторните-реактивни коксити и артрити

· Дијагноза и лекување деца со хронични ревматски заболувања (ЈХА, дерматомиозит и др.)

· Физикална терапија (физијатар и физиотерапевт)

Text Box: English
Text Box: Shqip

Вашето здравје е наша грижа

Text Box: Ако сакате да ги видете дијаграмите во pdf запис, повелете кликнете тука.