|
Анестезија и интензивно лекување и оперативен блок |
|
РЕМЕДИКА е болница која ја остварува својата ВИЗИЈА во создавање модерна општа болница во Македонија. Секој заслужува да добие највисок квалитет на здравствена заштита - ние го нудиме тоа. Тимска работа, искусни доктори, софистицирана апаратура и најнови протоколи се клуч за успехот на Ре-Mедика. Квалитетот е главен приоритет. Безбедноста на нашите пациенти е главна цел . Задоволството на нашите пациенти е мерка колку сме успешни во она што го работиме. Одделот за анестезија и интензивно лекување на Ре-Mедика го сочинуваат 5 искусни анестезиолози и 9 медицински сестри-анестетичарки. Оперативниот блок го опслужуваат 8 медицински сестри – инструментарки. Службата обезбедува 24 часа анестезија, третман на болка и интензивно лекување за сите наши пациенти.
ОДДЕЛ ЗА АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ ги извршува следните дејности: 1. Анестезија за елективни и итни оперативни , дијагностички и интервентни процедури 2. Интензивно лекување 3.Третман на болка
Оперативниот блок го сочинуваат 5 модерни операциони сали опремени со најнови апарати и монитори за анестезија, современа опрема и комплетен инструментариум, специјални електрокутери, 3 лапароскопски столба, Ласер и друго. Покрај тоа обезбедуваме амбулантни анестезии низ целата болница со нужен стандард за анестезиолошка нега
Одделот обезбедува услуги за пациентите во следните области: 1. Преанестетичка евалуација на пациентите како стандарден дел на сите дијагностички и оперативни процедури, независно дали се работи за мали или големи операции 2. Мониторинг и седација за мали оперативни интервенции и дијагностички процедури 3. Општа анестезија при која користиме најмодерни и најбезбедни кратко делувачки интравенски и инхалациони анестетици кои овозможуваат пациентите да се брзо будни и свежи и после долги хируршки интервенции Истовремено користиме современи помагала за сигурно обезбедување на дишниот пат: сите видови ларингеални маски и фибероптички бронхоскоп. Користиме 5 Datex-Ohmeda апарати за анестезија во операционите сали комплетирани со Datex-Ohmeda монитори кои обезбедуваат: 1. стандарден мониторинг ( ЕКГ, ТА, пулс оксиметрија, температура) 2. инвазивен мониторинг ( CVP, IAP, PAP, PCWP, CO) при големи хируршки интервенции кај пациенти со придружни заболувања 3. софистициран специјален мониторинг: а. Капнографија – ја мери концентрацијата на јаглен диоксид во издишаниот воздух б. Ентропија и БИС индекс –ни овозможува контрола на длабочината на анестезијата . Овој мониторинг не е стандарден ни во високо развиените земји. в. Неуромускуларен мониторинг - за контрола на ефектот на неуромускулните релаксанти и г. Спирометрија – се мониторираат вентилаторните промени. Сите 16 монитори од операционите сали и Интензивното лекување се интегрирани во мрежа преку централен монитор кој има способност да ги меморира податоците за виталните параметри на пациентите во тек на 28 часа. 4. Постанестетичко следење на оперираните пациенти 5. Регионални типови на анестезија и аналгезија – го следиме светскиот тренд и користиме регионална анестезија и аналгезија при сите хируршки интервенции кај кои тоа е можно и пожелно: А. Спинална анестезија Б. Епидурална анестезија В. Комбинирана спинална-епидурална Г. Континуирана епидурална аналгезија за третман на постоперативна болка, како и обезболување на раѓањето Д. Аналгезија контролирана од пациентот Ѓ. Регионална интравенска анестезија
6. Акушерска анестезија - сите типови на акушерска аналгезија – спинална, епидурална и комбинирана спинална-епидурална “walking epidural” техника кои се практикуваат во Ремедика од самиот почеток со што станавме болница која обезбедува акушерска аналгезија 24 часа, 7 дена во неделата. Повеќе од 60% од нормалните породувања се изведуваат во некој од овие типови на аналгезија.
Единицата за интензивно лекување располага со 5 интензивни кревети и обезбедува третман на најтешките пациенти кои имаат потреба од специјална интензивна нега и лекување во пред и послеоперативниот период. Секој кревет е опремен по современи стандарди: а. Datex-Ohmeda S5 неинвазивен и инвазивен мониторинг б. Вентилаторна подршка се обезбедува со 3 Servo - i вентилатори со сите модуси на контролирана , асистирана и неинвазивна вентилација. в. Парентерална и ентерална нутриција г. Потполно контролирана инотропна стимулација д. Торакална дренажа ѓ. Кислородна терапија е. Респираторна и физиотерапија и останати интензивни процедура Сертифицирани реанимациони тимови оспособени за основно и напреднато одржување во живот во тек на 24 часа. Секој Оддел е екипиран со план и опрема за реанимација вклучувајќи и дефибрилатори. Периоперативна контрола на болка Во третманот на постоперативната болка го практикуваме т.н. мултимодален пристап - со користење на повеќе лекови во помали дози се постигнува ефикасно обезболување со помалку несакани ефекти ( гадење, повраќање). Ремедика е единствена болница во Македонија која користи 5 Браунови РСА - пумпи за аналгезија со самоконтрола од страна на пациентот за интравенска или епидурална апликација . Дневна болница - го следиме светскиот тренд за еднодневна хирургија . Нејзиниот капацитет е една операциона сала и 7 кревета. Претходно комплетно испитани и подготвени пациенти доаѓаат за операција во дневната болница и заминуваат истиот ден по операцијата. НЕПОБИТНИ ФАКТИ: · Повеќе од 5500 анестезии · 500 породувања со епидурална аналгезија- повеќе од 60% од нормалните породувања
|







|
Вашето здравје е наша грижа |








|
Д-р Ивица Стефановски |
|
спец. по анестезија и реанимација |


|
Андроники Бибовска |
|
главна сестра на оддел |