Ре-Медика новости - саеми

Text Box: English
Text Box: Shqip

Вашето здравје е наша грижа

07.05.2009 — 10.05.2009 : ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Во организација на ЕРА групацијата на Скопски саем се одржа 27. Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема и лекови, како и 4. Саем на козметика и убавина.

Ре-Медика и оваа година активно учествуваше на истата манефистација со свој штанд (М22) и со следните презентации:

· Петок, 08.05.2009 со почеток 13.00 ч.

Реконструктивна артроскопија на преден вкрстен лигамент на колено по метода на RETRO- Button

         Д-р Борислав Илиев, специјалист хирург-ортопед

· Сабота, 09.05.2009 со почеток 12.30 ч.

Виртуелни MDKT можности - бронхоскопија, колоноскопија” 

         Прим. д-р Благоја Даскалов, специјалист по радиодијагностика

· Четврток, 07.05.2009 со почеток 15.30 ч.

4 години Ре-Медика, раст и развој

Проф. д-р Андреја Арсовски,

стручен директор на првата приватна општа болница Ре-Медика

Штандот на Ре-Медика и оваа година предизвика голем интерес

23.04.2010 — 25.04.2010 : БЕБЕ САЕМ 2010

Во организација на Панекс на Скопски саем се одржа БЕБЕ саем каде што Ре-Медика се претстави со сите свои медицински услуги (претставени едукативни флаери), а секако обезбеди за сите посетители, посебно за нашите мили и најмили консултативни прегледи за времетраење на саемот.

Доктори од Ре-Медика се презентираа со свои теми:

Петок – 15:30: д-р Зоран Јовановски, со тема: Што се треба да знаете за бременоста и породувањето“;

Сабота – 11:45: прим. д-р Лидија Спасова, со тема: Педијатарот и родителите, партнери во грижата за новороденчето“;

Недела – 11:30: прим. д-р Марина Поп-Лазарова, со тема: Предуслови за успешно доење – наши искуства“.

Задоволството беше огромно да се дружиме со нашите мали, мили и најмили, дежурните медицински сестри од одделот Неонатологија и педијатрија“ од Ре-Медика за цело време на траење на саемот со мерење висина и тежина, менување пелени, а секако имаше доволен простор за мајките доилки – feeding area.

Дежурните лекари посветија доволно време на секој детенце-посетител на штандот на Ре-Медика со консултативни, едукативни прегледи и совети.