|
Ре-Медика новости |








|
Вашето здравје е наша грижа |



|
Во организација на Здружението на медицински сестри, медицински техничари и акушерки на Република Македонија, на ден 12 Мај 2009 година во дом на АРМ, се одбележа овој значаен ден, со културна манифестација. Претседателот на Здружението, г-а Велка Лукиќ Гавроска, додели Пофалници за најхумани сестри...
Гордост за Ре-Медика беше доделувањето на Пофалници за најхумани сестри меѓу хуманите на две вработени во Приватната Општа болница Ре-Медика : · Роза Тодоровска, акушерка · Зоре Чаческа, инструментарка
И во просториите на Ре-Медика се одбрележа достојно овој ден. Со почит кон овој дел од вработените но секако и севкупниот медицински персонал, обраќање имаше и медицинскиот директор на Ре-Медика, проф.д-р Андреја Арсовски. Тој упати честитки за успешна работа но секако и порака за во иднина, овие пофалници да бидат предизвик за професионално и достојно извршување на своите задачи кои се во функција за добро здравје на сите наши минати, сегашни и идни пациенти. |






|
На ден 25.05.2009 година во просториите на Уготур—салата на Макстил, Железара, Здружението на неонатолози на РМ под покровителство на ПЗУ Ре-Медика одржа состанок на кој што свои презентации и предавања одржаа: Петар Каранаков, национален координатор за ДРГ и Д-р Марија Гулија, советник во Фондот за здравствено осигурување на РМ. Учесници на тркалезна маса: Асс. Д-р Соња Бојаџијева, асс. Д-р Анет Папазовска—Черепналковски, асс. Д-р Наташа Најдановска-Алуловска, Д-р Радица Муратовска-Делимитова—Клиника за детски болести-Оддел за неонатологија и оддел за интензивна терапија, научен соработник Д-р Снежана Јанчевска, Д-р Рената Димитриовска, Клиника за гинекологија и акушерство—Одделение за интензивна нега и терапија, Прим.Д-р Јадранка Гулева, Специјална болница за гинекологија и акушерство, Прим.Д-р Мери Џарлиева, Служба за неонатологија при ЈЗУ Клиничка болница—Битола. На тема “Превентивна и терапијска улога на пробиотици—најнови сознанија“ се претстави проф.Д-р Сања Колачек, Клиника за детски болести, Загреб-Хрватска. Состанокот беше пријавен за акредитација во ЛКМ. |









|
16.07.2009 — 26.07.2009 : Во Охрид, се одржа републички турнир во одбојка на плажа: “Beach volleyball Ohrid’09”. Машката (Јорданчо Трпковски и Влатко Стојановски) и женска екипа (Мирјана Трпковска и Ивана Стојановиќ) на Ре-Медика постигнаа голем успех со освојувањето на бронзен медал. Честитки за постигнатиот успех на нашите претставници. |














|
Oктомври 2009 : “Авто рели 100 km Плачковица”. На авто релито кое се одржа по сртот на планината Плачковица, активно учество зема и д-р Христијан Писевски од Ре-Медика. 100 km off-road авантура, на реалција Скопје-Штип-Берово, поминувајќи преку највисоката точка: врв „Бел Камен“ - 1710 m. Ре-Медика е секогаш на страната на спортот и здравјето и секогаш ги подржува спортските манифестации. |

|
04.12.2009 – Во организација на „Позитиво“ за прв пат во Македонија се одржа аукција на чоколадо. ПЗУ Ре-Медика во своета деловна политика подржува и секогаш спонзорира акции од ваков карактер. Средствата кои што беа обезбедени преку продажбата на уникатни чоколадни производи беа наменети за Институтот за белодробни заболувања – Козле. По повод новогодишните празници, Ре-Медика ги организира сите дечиња на своите вработени и во игротеката „Be Happy“ заедно низ игра и детска смеа ги вкусија овие уникатни чоколади и со тоа започна магијата на Новата 2010 година. |










