Дијагностика

  Врвен специјалистички тим

Амбуланта за гастроентерохепатологија и абдоминална ултразвучна дијагностика

 

Располага со најсовремена опрема за гастроентеролошка ултразвучна дијагностика — 3D ултразвучен апарат, марка Тошиба, модел АплиоХВ, со колор доплер, пауер доплер и динамичен флоу.

Секојдневно се изведуваат следните гастроентеролошки процедури:

Неинвазивни процедури:

· Специјалистички гастроентерохепатолошки прегледи

· Ехотомографија на органите во абдоменот (црниот дроб, жолчката и жолчните патишта, панкреасот, слезинката, бубрезите, надбубрежните жлезди, абдоминалната аорта, парааорталната регија како и дијагностика на воспаление на слепото црево)

· Колор доплер ехотомографија на васкуларните структури во абдоменот

Инвазивни диагностички и тераписки процедури:

· Тенкоиглени биопсии водени под ултразвук, на органите во абдоменот, за патохистолошка дијагностика на болести и ТМ промени

· Перкутани дренажни процедури под ултразвук (асцитна течност, гнојни колекции, панкреатични псеудоцисти)

· Перкутана билијарна дренажа водена под ултразвук

Амбуланта за кардиологија

Опремена е со најсовремена опрема за комплетна неинвазивна кардиолошка дијагностика. ЕКГ апарат — најсовремен 3D ултразвучен апарат марка Тошиба, модел Ксарио, со колор доплер, пауер доплер и динамички флоу, коронарен стрес тест, 24-часовен ЕКГ мониторинг по Холтер, 24-часовен АБП мониторинг.

Секојдневно се изведуваат следните кардиолошки процедури:

· Специјалистички кардиолошки прегледи, за прецизна кардиоваскуларна проценка

· ЕХО кардиографски преглед на срцето со евалуација на срцевите структури и доплер проценка

· Коронарен стрес тест за дијагностика на коронарна артериска болест

· 24-часовен ЕКГ мониторинг за евалуација и следење на срцеви аритмии

· 24-часовен АБП мониторинг за евалуација и следење на хипертензивна болест

Општата Болница РеМедика - Скопје, во својата субспецијалистичка Ендоскопска Амбуланта обезбедува врвна ендоскопска дијагностика кај сите пациенти од видот на: - ДИЈАГНОСТИЧКА КОЛОНОСКОПИЈА И ГАСТРОСКОПИЈА, ДИСТАЛНА КОЛОНОСКОПИЈА, РЕКТОСИГМОИДОСКОПИЈА И ЛИГИРАЊЕ НА ХЕМОРОИДИ, ПОЛИПЕКТОМИЈА, БИОПСИИ, HELICOBACTER тест и друго.

 

Co Ендоскопската амбуланта раководи Проф. Д-р Дагмар ОРОВЧАНЕЦ.

 

Опремена со најсовремени апарати OLIMPUS и работа по светски стандарди и протоколи, со строго стерилизирана апаратура за секој пациент и по желба на пациентот CO или БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА.

Ендоскопска амбуланта

За    закажување    за    ендоскопски    преглед    (гастроскопија, колоноскопија) јавете се на телефон 2 603 110 од 8 до 20 часот во работни денови. Ќе Ви се објасни процедурата за припрема за прегледот.

Доколку имате некои прашања јавете се на телефон 2 603 180 од 13 до 15 часот во работни денови.

Гастроскопија претставува ендоскопски преглед на хранопроводник, желудник и дванаестопалечното црево. Гастроскопот е тенко црево со дебелина колку малиот прст и кое се   внесува   низ   устата   низ   хранопроводникот   и   желудникот. Интернистот ги гледа на екран сите промени на слузокожата и по потреба   зема   парченца   за   биопсија   кои   се   испраќаат   на понатамошно испитување.

Гладување пред гастроскопскиот преглед: За гастроскопија желудникот треба да е целосно празен и не смее да  јадете,   пиете   или   пушите   после   полноќ   на   денот   пред испитувањето.

Лекарства:   Земете си ги со Вас лековите кои си ги примате како редовна терапија.

Анестезија: Гастроскопија може да се изврши со локална анестезија - спреј или желе од локален анестетик во устата, или општа анестезија за која е потребно да биде присутен анестезиолог и анестетичар, кои ќе Ви ја објаснат процедурата на седација и анестезија, поставување на Интравенска канила со инфузија преку која се даваат анестетиците. Се поставува назален катетер кој Ви испорачува кислород во ноздрвита. Се поставува целосен мониторинг со следење на ЕКГ и пулс оксиметрија, се мери крвниот притисок.

Времетраење на гастроскопскиот преглед: Испитувањето трае вообичаено од 5 до 15 минути. Процедурата не е болна но се вбризгува воздух во желудникот кој на крај се аспирира но сепак може да почувствувате мала надуеност во стомакот.

После испитувањето не смее да јадете и пиете од 2-5 часа се додека не се изгуби ефектот на локалниот анестетик за да лесно голтате. Доколку не е давано анестетици пациентот може веднаш да се префрли на оддел или да си оди дома. Доколку сте примале анестезија мора да останете на Одделот ммнимум уште 1 час.

Транспорт до дома: Доколку сте примиле анестезија или седација HE CMEE да возите сами со моторно возило минимум 6 часа. Побарајте некој да Be врати или земете такси. Пред да си заминете ќе Ви се даде извештајот од испитувањето.

Колоноскопија претставува  ендоскопски  преглед  на дебелото црево од чамарот, се до спојот со тенкото црево, при кој на екран интернистот ги гледа сите промени на слузокожата на дебелото црево   и   по   потреба   зема   парченца   ткиво   за   биопсија со специјален инструмент (што не е болно) и кои парченца се испраќаат на понатамошно микроскопско испитување.

Колоноскоп-от е тенко црево со дебелина колку прст и кое се внесува низ анусот, под визуелна контрола.

Гладување пред колоноскопскиот преглед: Дебелото црево  треба да е целосно празно и не смее да јадете, пиете или пушите после полноќ на денот пред испитувањето.

Лекарства:   Земете си ги со Вас лековите кои си ги примате како редовна терапија. Железни препарати се прекинуваат мин 5 дена бидејќи го обојуваат цревото црно, што дава погрешен наод.

Анестезија: Колоноскопија може да се изврши со , локална анестезија–желе од локален анестетик во чмарот, или општа анестезија за која е потребно да биде присутен анестезиолог и анестетичар. Тој ќе Ви ја објасни процедурата за анестезија, ќе Ви постави Интравенска канила со инфузија за рехидрирање поради процедурата за прочистување. Анестетиците се аплицираат венски и кислород преку назален катетер или маска. Во тек на анестезијата ќе бидете мониторирани со следење на ЕКГ и пулс оксиметрија, се мери крвниот притисок.

Времетраење на колоноскопскиот преглед: Испитувањето трае вообичаено од 15 до 60 минути. Процедурата не е болна но се вбризгува воздух во дебелото црево што го раширува и може да даде краткотрајни болки во стомакот и може да почувствувате мала надуеност во стомакот. Истиот   на крај се аспирира или се става аноскоп за празнење на воздухот. После испитувањето  не смее да јадете и пиете од 2-5 часа  се додека не се изгуби ефектот на локалниот анестетик за да лесно голтате. Доколку не е давано анестетици пациентот може веднаш да се префрли на оддел или да си оди дома. Доколку сте примале анестезија мора да останете на Одделот минимум уште 1-2 часа.

Транспорт до дома: Доколку сте примиле анестезија или седација HE CMEE да возите сами со моторно возило минимум 6 часа. Побарајте некој да Be врати или земете такси. Пред да си заминете ќе Ви се даде извештајот од испитувањето.

Протокол за подготовка на пациенти за:

ДИЈАГНОСТИЧКА КОЛОНОСКОПИЈА,

ДИСТАЛНА КОЛОНОСКОПИЈА,

РЕКТОСИГМОИДОСКОПИЈА И

ЛИГИРАЊЕ HA ХЕМОРОИДИ

Пациент: ________________________________________________________________________

Датум и час на закажаниот преглед/интервенција: _________________________________________

Препорака за начин на исхрана пред подготовка за испитувањето и прочистување со препаратот FORTRANS:

· Диетата започнува 3 дена пред закажаниот преглед

· Во деновите со диета дозволено е да се внесуваат:

· Солени и благи течности - Бистри сокови (од јаболко), чаеви, бистра супа без месо и тестенини, мед ( вкупно бистри течности околу 4-6 л )

Препорака за начин на употреба на препаратот FORTRANS:

Co препаратот FORTRANS ce започнува 36 часа пред интервенцијата

Приготвување на препаратот FORTRANS:

· 2 кесички од препаратот FORTRANS ce раствараат во 2 литри вода и се пијат во тек на 2 часа 36 часа пред интервенцијата

· 24 часа или 12 часа после првата доза пред интервенцијата се раствараат уште 2 кесички FORTRANS во 2 литри вода и се пијат во тек на 2 часа.   

· 12 часа пред интервенцијата се земаат 2-3 кесички чај АЛКАЛАКС ставаат во 2 дл ладна вода и после 1 час откако отстои чајот се пие.

На денот на интервенцијата HE CE ЈАДЕ И HE CE ПИЕ НИШТО

Доколку интервенцијата би се извела со анестезија потребно е да останете уште 1-2 часа подолго и HE СМЕЕ ДА BO3ИТE САМИ првите 6 часа.

За дополнителни информации или совет јавете се на телефон 02 2603180

РеМедика Скопје - Ендоскопска Амбуланта од 13 до 15 часот.

РеМедикаОпшта Болница

Оддел за Интерна медицина

Ендоскопска амбуланта

 

16 Македонска бригада бр 18, 1000 Скопје - Македонија

Централа тел: 2603100, 2603203 — Факс: 2603103

Ендоскопска амбуланта тел: 2603180

Е mail:   info@remedika.com.mk

КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО ВО СЛУЖБА НА ПАЦИЕНТИТЕ!

 

           Дијагностичкиот оддел на РеМедика во целост е конципиран во согласност со мисијата—здравство во служба на пациентите. Во рамките на овој оддел функционираат следниве специјалистички амбуланти:

· Интернистичка-гастроентеролошка со ултразвук на абдомен и ендоскопски прегледи

· Интернистичка-кардиолошка со неинвазивна кардиолошка дијагностика

· Гинеколошки амбуланти—ултразвук, пренатална дијагностика, колпоскопија

· Невропсихијатриска амбуланта—ЕЕГ, ЕМГ...

· Ортопедска амбуланта—ултразвук, дензитометрија...

· Уролошка амбуланта—ултразвук и уролошка ендоскопија

· Други специјалности—оториноларингологија, дерматовенерологија, ревматологија, ендокринологија, онкологија

 

           Обединувањето на врвната стручност и квалитетна опрема овозможува превенција, дијагноза и лекување на повеќето здравствени проблеми на нашите клиенти. Покрај дијагностичките можности, одделот има услови и за примена на интервентни дијагностички и тераписки методи.

           Радиолошкиот оддел е опремен со конвенционални апарати со рентген дијагностика и мамографија и со еден од најсовремените апарати за компјутерска томографија на целото тело.

           Во рамките на овој оддел функционира и Центарот за здравје на жената кој со целосен пристап кон спецификите на здравјето на жената се грижи за превенција и лекување на проблемите на градите, остеопорозата и гинеколошкото здравје.

           Сеопфатеноста на медицинските специјалности и софистицираноста на опремата возможуваат квалитетно и сеопфатно следење на клиентите преку организација на систематски прегледи.

           Заради пристапот, кој што е пред се ориентиран кон потребите и здравјето на пациентите, одделот за дијагностика во изминатиов период го посетиле повеќе од 50000 пациенти.