Биохемиска лабораторија

Биохемиската лабораторија овозможува комплетен лабораториски сервис  за потребите на нашата болница, за сите клиенти, за сите кои се  грижат за здравјето, било да тие се млади или стари, болни или здрави.

Мониторирање на функциите на виталните органи може да се спроведе преку широк спектар на општи и специфични  биохемиски анализи.

Во нашата лабораторија можете да направите комплетна крвна слика со 18 параметри (на Cell Dyn 1200, Abbot). За итните случаи резултатите се добиваат во рекордно краток рок!

Коагулационите фактори (време на крварење, фибриноген, протромбинско време) се работат на DiaMed CD 2. Тие се неопходни парамери во предоперативните иследувања.

Лабораторијата врши и комплетен преглед на урина, квалитативно и седимент под микроскоп. Во урина се определуваат и електролити, (K+, Na +, Cl -) глукоза, уреа, креатинин, протеини.

Тест за рано откривање на бременост се изведува во крв или во утринска урина.

Од биохемиските анализи : глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол,триглицериди,вкупни протеини, албумини, трансаминази, алкална и кисела фосфатаза, реума фактор, електролити,мочна киселина,гликолизира хемоглобин, се само дел од анализите кои се работат во оваа лабораторија.

Гасните анализи се дел од оперативниот и пост оперативен процес. Се изведуваат на PhOx Nova, гасен анализатор, во 23 параметри (проширен со хемоглобин, хематокрит, лактати, глукоза, електролити).

Покрај наведените, лабораторијата при нашата болница може да понуди широк дијапазон на иследувања:

· ендокринолошки параметри / репродуктивни хормони: Еstradiol, LH FSH, Prolaktin, Progesteron

· хормони на штитната жлезда: TSH, T4, fT4, T3, fT3

· туморски маркери

· инфективен Screening

· имунолошки статус и специфични протеини

· определување на алергени, лекови, дроги

· микробиологија

· останати специфични маркери по потреба и барање од вашиот лекар

Тимот кој работи во Лабораторијата е високо едуциран, сертифициран и обучен за работа на софистицираната  лабораториска опрема.