Ре-Медика“ како општествено одговорна компанија во континуитет се грижи за здравјето на своите клиенти, но исто така во голема мера внимава на здравствената едукација на помладите.

Една од активностите на ова поле беше и посетата на ученици од трета година од државното средно училиште „ОрцеНиколов“. Заедно со нивната предметна професорка по физика, Светлана Наумовска, околу триесетина ученици ја посетија „Ре-Медика“. Тргнувајќи од тоа што учат по физика, нивната зона на интерес при посетата беа Одделот за радиологија и ласерите.

Прим. д-р Благоја Даскалов, шеф на одделот, им ги објасни основните постулати при функционирање на рендген-снимањата, како и софистицираната техника која се користи при компјутеризираната томографија и нејзината примена во медицината. Особен интерес кај младите генерации секогаш буди примената на ласерите и начинот на нивно функционирање, особено во корективната хирургија, за што подобро беа информирани од одговорниот на оперативниот блок, ЗоранНиколовски.

Посетата заврши со разгледување на болницата и нивно запознавање со можностите на установата, а најголеми насмевки изнуди посетата на Одделот за неонатологија, кај најмладите пациенти.

Leave a reply