ОДДЕЛИ

ГАЛЕРИЈА

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

galerii

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

i

ЗА РЕ-МЕДИКА

 

Анестезија и Интензивно лекување

РЕ-МЕДИКА  е болница  која ја оствари  својата  ВИЗИЈА  во создавање  модерна  болница  во Македонија со поставување на највисоки стандарди на квалитетна здравствена нега.
Одделот за Анестезија и Интензивно Лекување започна со работа од самото формирање на Општата Болница Ре-Медика во април 2005 година, како интегрален и неопходен дел на Ре-Медика.

Тимската работа, искуснитe доктори, софистицираната апаратура и најновитe протоколи се клуч за успехот на Ре-Mедика.
За да идејата стане реалност, мораше да се формираат оддели кои ќе ги покријат сите здравствени проблематики во домен на една општа болница со максимален квалитет, а како клучен дел беше формирање и на одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, кој дава услуги скоро на сите други оддели со цел квалитетна здравствена нега.

Тие обезбедуваат 24 часовна/7 дневна специјалистичка анестезиолошка дејност и тоа во следните дејности:
1.
Анестезија за елективни  и  итни оперативни,  дијагностички  и интервентни процедури кај сите пациенти- амбулантски и стационарни во Ре-Медика.

2.
Интензивно лекување кај критично болни пациенти – оперирани или не, кои побаруваат посебна нега и третман во Централната Единица за Интензивно лекување со капацитет од 5 интензивни места.

3.
Третман на акутна и хронична болка

4.
Вентилаторна механичка терапијa

5.
Реанимација

Во тек на 5 годишната работа ОАРИЛ има реализирано:
Ÿ
Повеќе од  12500 анестезии
Ÿ
1500 породувања со епидурална аналгезија - повеќе од 60% од нормалните породувања