ОДДЕЛИ

ГАЛЕРИЈА

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

galerii

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

i

ЗА РЕ МЕДИКА

English
Shqip

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИН ВИТРО

Фертилизација

Повеќе од 500 новороденчиња зачнати во Центарот за Асиситирана Репродукција и ИВФ РеМедика
во изминативе 4 години  дојдени на свет.


Почитувани,
Детето е круна на врската помеѓу две индивидуи, тоа ги облагородува односите во семејството, ја заокружува врската помеѓу партнерите и дефинитивно го осмислува нашето живеење. Процесот на зачнување е фасцинантно софистициран и зависи од цел мозаик фактори со поголемо или помало влијание. За жал дел од нас имаат проблеми и им е потребна асистенција да ја остварат својата желба за потомство. Во нашиот - Центар за Асистирана Репродукција и Ин Витро Фертилизација - кој е дел од РеМедика, им помагаме тој сон за потомство да стане стварност. Искусниот тим, брендираната опрема, современите процедури и стандрдите кои ги користиме се гаранција за квалитетот на нашата услуга. Во рамки на Р. Македонија, пионири сме во етаблирањето на одредени процедури во дијагнозата и третманот на неплодоноста како 4Д вагиналната ултрaсонографија во гинекологијата и асистираната репродукција. Пратејќи ги трендовите за подигање на резултатите од ИВФ програмата воведовме нови техники. Со тоа направивме вистински прогрес во решавањето на машката неплодоност, го направивме самиот процес по безбеден за жената, ја воведовме витрификацијата како метод на смрзнување на ембриони. Го воведовме ласерот во ембриологијата и го започнавме процесот на донација на сперматозоиди, јајни клетки и ембриони. Тоа ни донесе подобри резултати таму каде што другите методи не постигнуваа успех.  Конечно во овој период ги воведуваме и преимплантационата дијагностика на ембриони и смрзнување на јајни клетки. Сето тоа не прави моќни и безбедни во решевањето на неплодноста. Постигнатите резултати во минатиот прериод не вбројуваат во самиот врв на центрите во регионот.
Нашиот професионален тим ќе биде секогаш со Вас за полесно и поедноставно да ги поминеме и надминеме сите проблеми и да стасаме до посакуваната цел. Ние сме тука за Вас, затоа што Вашата победа е и наша...
Контактирајте не.

Ваш
Прим. М-р. Др. З.Петановски
Шеф на Одделот за Асистирана Репродукција и Ин Витро Фетилизација - РеМедика