






ОПШТА И ТРУДОВА
Медицина
Функционално, Ре-
Д-
Целта на сестрата во општата пракса и во медицината на трудот е да ја унапреди и испорача здравстеваната нега. Ова е кооперативен модел преку кој сестрата е вклучена во општата пракса и во која има комплементарна улога извршувајќи низа на услуги како координација и клиничка нега до одржување на добро здравје преку советување, промоции и едукација на пациентот како индивиду така и за заедницата. Во општата амбуланта како дел од тимот е задолжена за правилно водење на евиденцијата за здравствените прегледи, аплицирањето на и.м. и и.в. терапија, техничка изработка на ЕКГ како и организацијата за прегледите во амбулантата. Како дел од тимот во амбулантата по медицина на труд е задолжена меѓудругото за техничка изработка на ЕКГ, аудиометрија, спирометрија, мерење на body mass index, како и правилна евиденција, организација, подготовка и архивирање на документацијата за извршените прегледи.
Мед.сес. Славица Митрова, главна сестра
