ОДДЕЛИ

ГАЛЕРИЈА

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

galerii

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

i

ЗА РЕ МЕДИКА

ОФТАЛМОЛОГИЈА

СТРУЧНА БИОГРАФИЈА НА ДОЦ.ДР.БОЗКУРТ ШЕНЕР

 

Роден во 1956 година средното училиште го има завршено во реномираната гимназија ГАЛАТАСАРАЈ. Високото образование го започнува во 1975 година на медицинскиот факултет при Истанбулскиот Универзитет. Факултетот го завршува 1981 година и истата година почнува со докторска пракса во очната клиника на медицинскиот факултет Џеррахпаша.Дел од докторската пракса ја обавил во Далас,Соединети Американски Држави каде специјализирал витроретинална хирургија.Во 1984 година завршил со специјализацијата и станал специјалист за очни заболувања.

 

Во 1991 година станува доцент на медицинскиот факултет Џеррахпаша. Во период од 1991 до 1999 година работи како предавач на медицинскиот факултет Џеррахпаша во областа на очните заболувања и како дел од истражувачкиот тим.

 

Во 1992 година за прв пат во Турција почнува со ласерски операции на очи.Тогаш набавениот Technolas 116 ласер воедно и прв во светот од тој вид и ден денеска се наоѓа во Турција. Денеска во Турција постојат околу 150 центри за ласерски операции на очи и 20 од нив се во рамките на државните болници.

 

Од 1992 година кога почна со користење на ласерот има предавано на голем број курсеви и конгреси низ целиот свет и има дадено голем придонес на развојот на ласерската технологија. Од 1992 година до денес има извршено преку 50.000 ласерски операции. Член е на Здружението на Офталмолозите на Р.Турција од 1981 година. Во 1999 година е избран за секретар на одделот на Рефрактивна Хирургија при Здружението на Офталмолозите не Р.Турција.

 

Член е на Американската Академија за Офталмологија(American Academy of Ophtalmology),Меѓународното Здружение Рефрактивна Хирургија (International Society of Refractive Surgery,Европско Здружение за Катаракта и Рефрактивна Хирургија (European Society of Cataract and Refractive Surgery) и Американското Здружение за Катаракта и Рефрактивна Хирургија (American Society of Cataract and Refractive Surgery)

 

Има објавено околу 150 научни труда од кои 50 се објавени во странство. Истражувањата и трудовите се за ласерска и катарактна хирургија. Од 1992 година има учествувано во преку 70 меѓународни конгреси,симпозиуму,семинари и курсеви. Во 2002 година има напишано книга за специјалистичко образование на тема Лечење на Мијопија. Во 2005 година има напишано делови од три домашни и три странски книги за Рефрактивна Хирургија. Во моментот работи како медицински директор на болницата за очни заболувања Аџибадем и во International Vision Centers во Амстердам, Холандија каде воедно е и сопственик на болницата