ПРВА ПРИВАТНА ОПШТА БОЛНИЦА , РЕ-МЕДИКА- ПРИЈАТЕЛКА НА МАЈКИТЕ И БЕБИЊАТА
Породилиштето во Ре-Медика е целосно адаптирано на потребите на самиот чин на породувањето.
Имплементирани се релевантни медицински протоколи за работа во секој оддел. Одделот
за гинекологија и акушерство заедно со одделот за неонатологија и педијатрија како
и родилните сали се на посебен кат од целокупната архитектура на болницата, достапни
од повеке страни. Сместувањето и грижата за секоја родилка е наша цел, нашите пациенти
да се чувствуваат удобно и безбедно.
Ре-Медика се гордее со својот високо професионален тим кој учествува во текот на
едно породување независно дали е спонтан или е царски рез, почитувајки ја секоја
пациентка како посебна и уникатна по својата природа, почнувајќи од приемот на трудницата,
амбулантските прегледи, следење на бременоста со современа медицинска опрема, следење
на контаракциите, срцевата акција, па се до самиот чин на породување. Секојдневно,
24 часа, активно е вклучен тим од професионално високо едуциран и обучен тим: специјалист
гинеколог акушер, специјалист анестезиолог, специјалист педијатар неонатолог, како
и целосна поддршка од сестри акушерки, анестетичарки, тим кој што најодговорно е
подготвен кон потребите на нашите пациенти. Љубезност, стручност и висока професионалност,
во целиот подготвителен процес почитувајќи ја психолошката состојба на секоја трудница,
свое место секако има и психолошката поддршка од страна на психолог. Несебичноста
и одговорноста кон грижата за секој пациент во Ре-Медика е секојдневна пракса,
почитувајќи го секој пациент, назависно од неговата политичка, верска и национална
определба.
Нашата стратешка определба се секако потребите на нашите пациенти. Во таа насока
секогаш преку интерактивност со идните родители се договараат и се дефинираат нивните
желби, потреби се со цел моментот на доаѓање на свет на новиот член или членови,
да се доживее како посебен , да се запамети за целиот живот.
Одделот за неонатологија е посебен, издвоен од останатите простории, специјално адаптиран
како нова средина за бебенцата. Светските протоколи се овде ставени во функција на
секојдневна пракса. Покриено дежурство од 24 часа, со постојан мониторинг и контрола.
Бебенцата се мирни, релаксирани и спокојни со почитување на нивните индикаторни потреби.
Имплементација на системот РУМИНГ ИН, прилагодување на мајката заедно со бебето
во иста просторија. Овде благодарноста е огромна од тимот на врвни медицински сестри
кои несебично ќе Ве подготват за идните секојдневни работи во грижата. Часови за
доење, часови за бањање како и многу едукација и совети од врвни лекари специјалисти
педијатри, кои ви се најнеопходни во подигнувањето, растот и развојот на Вашето бебе.
Тимот на педијатри се секогаш на располагање и во понатамошното следење на растот
и развојот на бебето , како партнери, заедно со родителите, нивна заедничка цел е
одгледување на здраво дете.
Чувството дека сте посебни и навистина многу важни за секој од нас, севкупното опкружување,
сместувањето, персоналот, хигиената и многу други параметри, по сите содржини што
ги нуди Ре-Медика, цениме дека се доволен предизвик да ја посетите болницата и да
дознаете што ја чини Ре-Медика посебна и уникатна.
ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА. ВАШЕ Е САМО ДА ДОЈДЕТЕ! ЗА СЕ ДРУГО ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ
НИЕ.