МИКРОСКОПСКИ И ЕНДОСКОПСКИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ:
Тумори во предел на главата
- Тумори на мозокот и други тумори во внатрешноста на черепот
- Тумори на хипофизата
- Тумори на базата на черепот
- Тумори на коските на главата и ткивата од поглавината
- Тумори во предел на очната јама
Операции на периферни нерви
- Состојби после повреди на периферни нерви на рацете и на нозете
- Состојби после повреди на брахијалниот плексус
- Тумори на периферни нерви
Операции на 'рбетот
- Дискус хернија (во предел на крстот и на вратот)
- Стеснување на 'рбетниот канал (спинална стеноза)
- Изместување -"лизгање на прешлените" (спондилолистеза)
- Тумори на 'рбетот и во 'рбетниот канал
- Искривување на 'рбетот (сколиоза)
- Спондилоза на вратот
- Остеопоротични скршеници на прешлените (вертебропластика/кифопластика)
- Хируршки постапки за стабилизација на 'рбетот - инструментација
Стереотаксични оперативни постапки
- Стереотаксична биопсија на тумори на мозокот
При неврохируршките интервенции во Ре-Медика се користи најсовремена (State- of- the- art), апаратура:
- Pentero Zeiss микроскоп со вградена високо интегрирана процедура Blue 400 Zeiss, која обезбедува максимално прецизно интраоперативно дефинирање на рабовите на малигните тумори на мозокот (глиоми), што овозможува нивно оптимално отстранување
- Anspach Trepan – најсовремен и најсофистициран апарат за отварање на черепот и drill-процедури
- CUSA Integra Excel – најсовремен ултрасоничен хируршки аспиратор, овозможува максимално безбедно отстранување на туморското ткиво
- Mayfield Integra – за интраоперативна потполно безбедна фиксација на главата
- Trumpf Mars – оперативен стол комплетно опремен за позиционирање на пациентот при неврохируршките процедури
- Storz Endoscope – овозможува минимално инвазивен пристап во неуро-ендоскопските процедури, со максимална интраоперативна визуелизација
- Toshiba Echo Viewer and transducers – за интраоперативна ултразвучна диференцијација на патолошките и анатомските структури
- Stereotactic Frame System - За длабоки мозочни лезии