ОДДЕЛИ

ГАЛЕРИЈА

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

galerii

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

i

ЗА РЕ МЕДИКА

English
Shqip

 

 

 

 

 

 

 

 

Невро

Хирургија

МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ НЕВРОХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ

 

Концептот на минимално инвазивната неврохирургија подразбира специјални оперативни техники за лекување на различни видови заболувања во предел на 'рбетот, базата на черепот и при разни операции во предел на централниот нервен систем.

 

Микроскопска неврохирургија

Операциите се изведуваат со употреба на најсовремениот оперативен микроскоп Pentero Zeiss, и специфично дизајнирани микроневрохируршки инструменти. Специјалната опција – Blue 400 – која ја поседува нашиот микроскоп, овозможува најмаксимална радикалност при микрохируршките операции на малигните тумори на мозокот.

 

Ендоскопска неврохирургија

Минимално инвазивна неврохируршка оперативна техника, која овозможува најадекватен пристап кон некои патолошки субстрати, кои поради својата специфична локализација се потешко пристапни со други постапки. Со оваа современа техника и метода се овозможува одлична интраоперативна визуелизација на промени кои се „сокриени„ во длабоките структури. На овој начин очите на неврохирургот „се доближуваат„ до патолошкиот субстрат на најадекватно растојание, со што се овозможува најдобро дефинирање на сите релевантни структури.

 

Стереотаксична неврохирургија

Проверена, максимално прецизна неврохируршка постапка за биопсија на длабоки, тешко достапни мозочни лезии, осовремена со најмодерната компјутерска технологија.

 

Во Ре-Медика се користат и трите минимално инвазивни неврохируршки постапки, а по потреба, се применуваат комбинирано, сѐ со цел за поефикасно и побезбедно лекување на нашите пациенти.