





Оперативен
Блок
Во составот на ПЗО РЕМЕДИКА функционира оперативен блок концепиран од четири ултрамодерни операциони сали и една сала за мали интервенции во состав на дневна болница.Операционите сали почнаа да работат во јуни 2005г и до јуни 2010г. во нив се изведени многу операции. Салите се со дигитален пренос на податоци, можност за телемедицина , како и опрема за снимање на операциите.
Работата на оделението се темели на висока стручност и професионалност , а сето ова комбинирано со врвна опрема дава одлични резултати .постојано вработени се десет инструмантарки кои се со повеќегодишно искуство , едуцирани во различни центри од областа на гинекологија и хирургија.
Се работи по сите стандарди и протоколи за функционирање на оперативен блок со особено внимание на стерилноста и контрола на завојниот материјал.за сите оперативни процедури се користи веш за еднократна употреба , а секојдневно по завршување на планираниот програм просторот во операционите сали генерално се чисти и дезинфицира
Опрема