Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

Политиката за квалитет и животна средина - РЕ-МЕДИКА

ПЗУ Ре-Медика во целост ја спроведува Политиката за квалитет и животна средина, која е заснована на систем ориентиран кон принципите за унапредување на здравствените услуги преку задоволување на барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, очекувањата на корисниците на здравствените услуги за квалитетно, ефeктивно и ефикасно решавање на нивните потреби и проблеми, а кои се во надлежност на ПЗУ Ре-Медика.

Политиката за квалитет и животна средина, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет и животна средина, периодично се прегледува и менува кога е потребно.

Основните принципи на Политиката за квалитет и животна средина, кон кои ПЗУ Ре-Медика се обврзува, се засноваат на креирање на деловен систем за квалитет насочен кон:


  • Корисниците на здравствената услуга преку обезбедување на врвен квалитет на здравствена услугата со ангажирање на високостручен кадар, софистицирана дијагностичка опрема и средства за работа, во услови кои ги задоволуваат стандардите за пружање на здравствената услуга.

  • Целосно намалување на потенцијалниот ризик за пациентот.

  • Градење на односи со корисниците на здравствена услуга со цел да се зголемат и подобрат угледот и довербата на ПЗУ Ре-Медика а со тоа зголемувањето на учеството на пазарот за здравствени услуги.

  • Создавање коректни односи со добавувачите заради исполнување на барањата за набавки на опрема и репроматеријали неопходни за реализација на високо квалитетна здравствена услуга.

  • Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат неповолно влијание врз работењето на болницата и целата заедница воопшто.

  • Исполнување на потребите на вработените.

  • Исполнување на Легислативата.

  • Перманентно спроведување на стручното оспособување на вработените на сите нивоа.

  • Грижа за подобрување на условите за работа, опремата како и заштита на животната средина.

  • Рационално користење на енергијата, суровините и останатите природни ресурси.

  • Намалување на создавањето на отпад и класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање.

Сите вработени во ПЗУ Ре-Медика се со Политиката за квалитет и животна средина и нивните обврски кои произлегуваат од неа.

ПЗУ Ре-Медика се обврзува да ги одржува и подобрува Системите за управување со квалитет и животна средина, со што ги исполнува барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, а воедно ги задоволува потребите и барањата на корисниците на здравствените услуги.