Уролошкиот тим на „Ре-Медика“ ги применува најсовремените дијагностички и терапевтски процедури во областа на своето работење. Тоа значи работа по највисоки стандарди и примена на минимално инвазивни хируршки зафати при третирање на сите уролошки заболувања и состојби, и кај возрасните и кај децата. Нашиот тим, кој е составен од уролошки хирурзи, специјализирани медицински сестри и придружен персонал, е комплетно посветен на својата цел, а тоа е на пациентите да им овозможиме највисоко ниво на грижа и индивидуален, односно поединечен пристап во лекувањето на секој пациент, и сето тоа со примена на најсовремена медицинска апаратура.

Во сржта на нашата служба лежи посветеноста постојано да го надградуваме нашето искуство со современите технички достигнувања, со нови знаења за минимално инвазивните методи, како и да имаме континуирана едукација и иновациски клинички студии и истражувања кои ги применуваме во секојдневната практика.

Урологијата како медицинска и хируршка специјалност вклучува дијагностицирање и третман на нарушувања и болести на машкиот и женски уринарен тракт и на машките репродуктивни органи, како кај возрасни така и кај деца. Како тим сме специјализирани за грижа за пациентите од сите возрасни групи: Новородени со вродени аномалии, возрасни мажи со проблеми со неплодност, мажи во т.н. зрели години кои имаат проблеми со потенцијата, жени во средни години со потреба за реконструктивни операции на карличното дно, како и мажи со проблеми со простата, кои се јавуваат и се зголемуваат со стареењето. Имаме пациенти и од нашата земја, но и од странство. Тимот од специјалисти и субспецијалисти-уролози поставу- ва комплетна дијагностика и води терапевтска грижа со особен акцент на сите лапараскопски и перкутани процедури.

На листата состојби и болести од областа на урологијата кои успешно ги третираме се карцином на бубрег, на надбубрежни жлезди, мочен меур, на простата, пенис и на тестиси, со можност за лапараскопско минимално инвазивно решавање на овие сериозни заболувања, а успешно се третираат и зголемена простата и бенигна простатична хиперплазија (БПХ). Единствено кај нас се изведува процедура на минимално инвазивно решавање и на најголемите бубрежни камења со методата наречена перкутана нефролитолапаксија, што значи пристап до бубрегот низ рез од само 1,5 сантиметар, дури и за најголемите калкули, односно камчиња.

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог, субспециалист за машка неплодност

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог, субспециалист за машка неплодност

Ефикасно третираме и еректилна дисфункција, односно проблеми со ерекцијата, хематурија т.е. крв во урината, хидроцела и сперматоцела, како и калкулоза на уринарен тракт. Во успешно третирани состојби и болести кај нас се и: Невроген мочен меур, прекумерно активен мочен меур, нарушувања на карличното дно, Пејрониева болест, стриктури на уретра, уринарна инконтиненција и кај мажи и кај жени, инфекции на уринарен тракт, варикоцела, вазектомии, рецерзија на вазектомии и дисфункција во мокрењето кај возрасни.
На оваа листа состојби и болести кои успешно се третираат кај нас е и машката неплодност, која единствено кај нас се третира со примена на процедурата наречена микро ТЕСЕ. Таа процедура претставува наоѓање на сперматозоиди со помош на специјален оперативен микроскоп и микрохируршки инструментариум, со што повеќе од двојно се зголемуваат шансите за наоѓање на сперматозоиди кај мажи кај кои нема сперматозоиди во спермата.

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог и субспецијалист за машка неплодност, е дел од уролошкиот тим во првата приватна општа болница „Ре-Медика“. Заедно со неговите колеги и со преостанатиот медицински персонал успешно работат во овој оддел кој на пациентите им нуди дијагностика и лекување според високите светски стандарди.

Leave a reply