Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7
април 2005 година. Со тоа првпат се поставени светските стандарди за здравство на
нашите простори. Ре-Медика ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна и достоинствена
здравствена заштита, односно е во функција на подобрување на општото здравје на пошироката
заедница.
Болничкиот објект е лоциран во мирниот дел на градот Скопје, во подножјето на парк-шумата
Гази Баба. Се простира на површина од 5.200 квадратни метри, на три ката, опкружена
со паркови и зеленило, далеку од сообраќајниот метеж, а сепак на само 3 километри
од центарот на градот. Ре-Медика располага со вкупно 56 болнички кревети. Сместувањето
е по избор на нашите пациенти, во 15 луксузни апартмани, двокреветни соби и 10 кревети
за интензивна нега. Сите соби се луксузно опремени, со што се овозможува удобност,
дискреција, опуштена атмосфера, високорангирани стандарди на уредување на санитарните
јазли, со посебно внимание на хигиената. Сите апартмани се удобни, добро осветлени,
со поглед кон природа. Согласно со потребите на пациентите, во сите соби е инсталирана
кабелска телевизија, како и брза адсл интернет-конекција. Хоспитализираните пациенти
имаат можност за избор на разновидно мени, соодветно на нивните дневни потреби. Болницата
располага со 4 ултрамодерни операциони сали, со дигитален пренос на податоци, можност
за телемедицина, како и опрема за снимање на операциите. Најсофистицирана апаратура
поставена во две породилни сали со можност за примена на најсовремени начини и методи
на породување. Одделението за гинекологија и неонатологија се гарант за најквалитетно
сместување на мајката и на новороденчето.
Ре-Медика се гордее со искуството, знаењето и вештините на своите специјализирани
тимови, кои континуирано ги следат и ги имплементираат најновите светски познати
и признаени методи на дијагностицирање и лекување.
Ре-Медика, како високостандардизирана болница, има инвестирано во дополнителна техничка
поддршка, сè со цел да се обезбеди непречено функционирање на дневните активности
на болницата. Инсталирана е сопствена трафостаница, генератор за електрична енергија,
модуларни системи за непречено напојување со електрична енергија, со дополнителна
инсталација на пренапонски заштити на целиот електричен систем. Поседува интегрирано
решение за централна климатизација со сопствена котларница и разладни агрегати, систем
за третман на вода, гасна станица за технички гасови, активна централа за рана детекција
на пожар, како и систем за видеонадзор. Инсталирањето на системите е во согласност
со ISO-стандардите и GIMP-нормите, со посебен акцент на заштедата на електрична eнергија
и почит кон животната средина.
ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА
Во вршењето на должноста кон пациентите не постојат предрасуди во однос на верата, националноста, расата, политичката и класната припадност
- Целосна посветеност на квалитетот
- Учество на пациенти
- Општествена улога